Бајден станува поголем Трамп од Трамп

До пред 4 години, Бајден жестоко го критикуваше трговскиот протекционизам на Доналд Трамп, објаснувајќи колку тој пристап е неефикасен. Сега го направи истото против кое беше тогаш. Воведе драконски давачки за кинеските производи, сакајќи да се претстави како заштитник на американските работни места. Глобалната слободна трговија е мртва а Бајден станува шампион на назадниот протекционизам.  

Астразенека ја повлекува вакцината против ковид-19 од цел свет

Целата залиха на вакцината од британскиот производител ќе се враќа назад во магацин и ова нема никаква врска со неодамнешното признание на Астразенека дека има сериозни нус-појави од вакцината, туку едноставно пазарот бил презаситен од понови вакцини кои покриваат и нови варијанти од вирусот.

Продолжете да дремете на интернет, здраво било

Интернет пристапот и неговата употреба е постојано поврзана со позитивна добросостојба на корисникот, тврди истражување на податоци од 168 држави што го прави Оксфордскиот интернет институт.

Речник

Ова е влада

Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.   

На северот од Украина од тешко стана потешко

Рускиот упад на североистокот од земјата и неочекувано успешното напредување дополнително ги растегна и истенчи украинските редови кои имаат минимални резерви на луѓе и оружје, алармира првиот човек на украинското воено разузнавање Кирило Буданов.

Швајцарското ноже остана без ноже

Викторинокс, производителот на швајцарското ноже со повеќе алатки одлучи да направи верзија на ножето од која ќе биде отстрането сечилото.

Off Topic

Ненормална работа

Луда презентација на способностите на ВИ агентот на Гугл. Пушташ камера во канцеларија и го прашуваш дали гледа нешто што прави звук. Ти покажува звучник. Знае да ти опише кодови, да ти го оптимизира серверскиот сетап нацртан на табла. Вртиш камера преку џам и го прашуваш, во кое маало сме? Ти кажува. На крај го прашуваш да не ти ги видел некаде наочарите? На маса ти се, до јаболкото.

Даночна математика

Велат дека во Америка мора само да умреш и да платиш данок. Првото останува фикс, а ова второво е прилично флексибилно и зависи колку си способен да ги заобиколиш правилата. Ворен Бафет и неговиот мултинационален конгломерат Беркшир Хетавеј плаќаат пет милијарди данок. Стариот вика, ако најголемите 800 компании поштено го платат својот, ниеден Американец не би морал да плати ниту цент федерален данок.     

Олимпијците ќе спијат на анти-секс кревет

Во објектите во кои ќе бидат сместени спортистите за Олимписките игри во Париз пристигнале анти-секс креветите (користени и на ОИ во Јапонија 2020 година), чиј дизајн треба да ги одвратат Олимпјците од идејата и тие да го паметат Париз како „град на љубовта.“ Исклучително се мали и двокомпонентни, да не можат да се спикаат двајца во еден кревет, а велат и дека се направени да се срушат под тежина на двајца луѓе. Ама, не е важно да се победи, важно е да се проба.

ВИ муштеријата секогаш е во право

Вака ќе изгледа иднината во многу подрачја, на пример во бизнисот, во одделите за помош на корисници и слично. Ќе си прават муабет две вештачки интелигенции и 'човечки' ќе се разберат. На твоето ВИ алтер его му го објаснуваш проблемиот со новиот Ајфон, се врти телефон кај што треба, се јавува друго 'лице' надлежно за проблемот и се наоѓа чаре.

За градежници само вакви инспекции треба

Казахстански градоначалник објавил тендер за поставување на тротоар, веројатно најдобрата понуда го добила тендерот и тротоарот е направен. Сè како што треба по книга. Откако е направен, активисти креваат галама и му предлагаат на градоначалникот и градежникот, да го пробаат тротоарот со инвалидска количка. За чисто чудо овие прифаќаат.

Од војска не можеш да се вратиш, од затвор можеш

Пратеничка на украинската Рада, Ана Скороход, зборува за новиот бран на ситни кражби кој ја зафаќа земјата извршени главно од мажи на возраст за служење војска.

Локалности

Net Roulette

Offside

Кога пред неколку недели категорично одбил да стане нов тренер на Баерн Минхен по крајот на сезоната, со објаснување дека веќе работи на голем проект, на крајот врвниот баскиски стратег Унаи Емери покажа на што мислел. Ја внесе Астон Вила во Лига на шампиони!

Off Café

Bookbox

„Универзитетската болница со која соработувавме добиваше многу повеќе скокачи од двете сорти во споредба со другите, поради нејзината близина до главните мостови - Менхетен, Бруклин и Вилијамсбург. Со текот на годините, справувајќи се со скокачитe и со другиот пореметен човечки материјал што работата му ги поставуваше на патот, Хенри стана благо закоравен, може да се каже дури и прегорен...“.

Во својот инаугуративен говор, новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, му се заблагодари на поддршката на својот сопруг. До сега имавме „први дами“, односно сопруги на претседатели-мажи. Како би можела да гласи оваа титула обратно?

Повеќе сакаш да живееш како колибри или како желка?

Скапо е да се лета. Гориш. Ја спржуваш машината. Го топиш моторот. Секое суштество на земјата има приближно две милијарди отчукувања на срцето кои треба да ги потроши во текот на животот. Нив можеш да ги потрошиш кроце, како желка, и да доживееш двесте години, или можеш да ги поминеш брзо, како колибри, и да доживееш две години.

На  13 мај, Меѓународниот ден на миксологијата: што значи зборот „коктел“?

Денес под коктел се подразбира напиток кој се состои од еден или повеќе алкохоли помешани со други состојки, како овошен сок или сирупи. Но потеклото на зборот всушност нема никаква врска со пиење. 

Како филм на Куросава го променил кривичниот закон на Јапонија

Трилер на славниот јапонски режисер од 1963, во кој се случува киднапирање на дете, во тоа време го актуелизирал „лабавиот“ закон кој ја покривал оваа област, кој предвидувал само 5 години затвор за сторителот доколку киднапираниот не е од непосредното семејство на уценетиот. 

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното